Гатанки чудни за деца будни (8)

од Ванчо Полазаревски

1.
А ќе зине
овој пес,
во морето
стрес до стрес.
(кликни тука за одговорот)

2.
Поле бело
букви цело.
Колку и да читаш,
не ти стига.
Сакаш нова...
(кликни тука за одговорот)

3.
Кога два брега
се ракуваат,
над реката,
со потег прост,
се издига...
(кликни тука за одговорот)

4.
Високо горе
на ноќната ливада
жолт цвет до цвет, езди. 
Трепкаат сонливо небесните...
(кликни тука за одговорот)

5.
Црн врв има
копје со 
дрвено тело
пиши-бриши
се потроши цело.
Му дозволив, 
оти е...
(кликни тука за одговорот)

Designed by Freepik


Од истиот автор:

1 Comments

Напишете коментар