Гатанки чудни за деца будни (4)

од Ванчо Полазаревски

1.
Што пат мина?!
Од исток до запад,
Од север до југ...
и тоа на шина.
На патници им нуди 
удобен превоз,
а се вика...
(кликни тука за одговорот)

2.
А виде папрат
ела, нека го запрат.
Со сурлата долга
може да ја испие
и реката Волга.
Почитува бонтон,
иако тежи цел тон.
Погодивте, тоа е 
господинот 
(кликни тука за одговорот)

3.
Три очи имам,
воопшто не гледам,
ама сообраќајот
будно го следам.
(кликни тука за одговорот)

4.
Водата
е негов дом,
мустаќи има
и се вика
(кликни тука за одговорот)

5.
Невидлив е
а сее страв.
Ако често миеш раце
не ти може ништо,
ќе си бидеш здрав.
(кликни тука за одговорот)

Designed by Freepik


Од истиот автор:

Напишете коментар