Планините во Македонија можат да се поделат во две групи: планини од Шарскиот планински венец и планини од Осоговско-беласичкиот планински венец.
Планинскиот венец го сочинуваат повеќе поврзани планини или планински масиви, кои може да се одделени една од друга со превои или долини.
Планинскиот масив е составен од неколку збиени планини, што личат како да се дел од една голема планина.

Vojkan Nedkovski, CC BY-SA 4.0
ШАРСКИ ПЛАНИНСКИ ВЕНЕЦ
Шарскиот планински венец се простира од северозапад, преку целиот запад и западниот дел од Повардарието, преку Пелагонија, па сѐ до југозападниот и јужниот дел на Македонија.
Планините во Шарскиот планински венец се млади верижни планини со остри врвови. Во овој планински венец се истакнуваат следните планински масиви:
Шар Планина или Шара (Шарпланински масив)
Јакупица (Јакупички масив, познат и под името Мокра)
Галичица (со планините Стара Галичица, Асан Ѓура и Исток)
Ниџе (Ниџе со Кајмакчалан и Козјак)

ОСОГОВСКО-БЕЛАСИЧКИ ПЛАНИНСКИ ВЕНЕЦ
Овој планински венец се простира од североисток, преку источното Повардарие и целиот источен дел на Македонија.
Планините во Осоговско-беласичкиот венец се стари грамадни планини со заоблени врвови. Позначајните планински масиви во овој венец се:
Осогово, Осоговски планински масив (со Лисец, Плавица, Синковица)
Други позначајни планински масиви и планини:
Планински масив Илинска, Плакенска и Бигла, Бушева Планина со Баба Сач и Лубен, Бабуна со Мукос, Козјак и Злато, Билино со Герман и Чупино Брдо, Дрен или Дрен Планина, Скопска Црна Гора (со Езерска Планина и Карадак), Голак со Обозна, Буковиќ, Древеник, Селечка Планина, Облаковска Планина, Готен, Клепа, Конечка Планина (Серта), Жеден, Водно, Манговица, Градиштанска Планина…
Извори: Список на планини во Македонија – Википедија
Истражувачко друштво на студенти биолози – Планини во Македонија