Гатанки чудни за деца будни (7)

од Ванчо Полазаревски

1.
Со грпка или две, 
и таа лика мила,
тоа е пустинската...
(кликни тука за одговорот)

2.
Ако цврсто 
го држиш
за рака,
со дождот
ќе немаш мака.
(кликни тука за одговорот)

3.
Еден зад друг,
во колона без број,
секој по патот свој,
носи храна фина
во зима да има.
(кликни тука за одговорот)

4.
Шарен празник,
како него, велат,
нема секој ден,
тоа е мора да е...
(кликни тука за одговорот)

5.
Снесено
варено
шарено
од срце
подарено?
(кликни тука за одговорот)

Designed by Freepik


Од истиот автор:

1 Comments

Напишете коментар