Гатанки чудни за деца будни (10)

од Ванчо Полазаревски

1.
А видов мачка,
јас во дупче.
Да можам
би се претворил
во крувче.
Јас малото...
(кликни тука за одговорот)

2.
А виде кошара со мед,
заборава на бонтон, на ред.
Сака и круша ранка,
бунда има, зиме е спанка.
Знаат сите деца, 
тоа е...
(кликни тука за одговорот)

3.
Кога дува 
секој шапка чува.
Студи а може 
да е и бетер,
тој е палав....
(кликни тука за одговорот)

4.
Во чаша или корнет,
исто е во цел свет.
Ти нуди студ 
а ти, по него – луд.
(кликни тука за одговорот)

5.
Долги нозе
долг клун
рибар, без чун.
За жапчињата наредба
со него – никако средба.
Оти ќе им прави крка-крк,
гладниот... 
(кликни тука за одговорот)

Designed by Freepik


Од истиот автор:

1 Comments

Напишете коментар