Гатанки чудни за деца будни (6)

од Ванчо Полазаревски

1.
Птица е, а не лета.
Диригент, а не 
диригира.
Кога шета 
смешки е сета.
Родител е фин,
елегантниот...
(кликни тука за одговорот)

2.
Коњ е, а не 'ржи,
со крокодилот
пливаат слично 
стилски.
Тоа е коњот...
(кликни тука за одговорот)

3.
Кога парфем
ќе те остави без збор,
мора да си налетал
на шумскиот....
(кликни тука за одговорот)

4.
Еден скока,
двајца води.
Торба има,
на пазар не оди.
(кликни тука за одговорот)

5.
Само со мегафон
можеш да ѝ кажеш
два-три лафа,
затоа што тоа е високата...
(кликни тука за одговорот)

Designed by Freepik


Од истиот автор:

1 Comments

Напишете коментар