Гатанки чудни за деца будни (5)

од Ванчо Полазаревски

1.
Во нива
топка до топка
слатка
шареница
тоа е…
(кликни тука за одговорот)

2.
Во сендвич меѓу
небо и море сино
на кајчињата близок род
ужива на бранови фино
и се вика... 
(кликни тука за одговорот)

3.
Црна дама
слета на грана,
гра-гра,  рече,
јас сум птица...
(кликни тука за одговорот)

4.
Сè од него вадиш,
кога си гладен,
а тој останува – 
мртов ладен.
(кликни тука за одговорот)

5.
За математика е тапа
но, за секоја секунда,
минута или час да брои –
му симнувам капа.
Понекогаш и на ѕид стои.
(кликни тука за одговорот)

Designed by Freepik


Од истиот автор:

Напишете коментар