од Владимир Лукаш

Има еден дух, многу страшен, ух! Животните Плух го викаат и од страв ко жапци икаат. Со очи црвени и шепи дрвени, со кактуско тело боцкаво цело. Ноќе завива, часовници навива и без да се труди сите ги буди. На животните им се смачи Плух да ги мачи и викнаа истерувач на духови – специјалист за плухови. Тој постави мамки, секакви замки, зад дрво се скри и изброја до три. И, што се случи? Тоа, дете, ти одлучи. Напиши во една строфа среќен крај на оваа катастрофа.
Илустрација: Лукаш