од Владимир Мартиновски
Пандата падна! Ко тапан тапна. Со нога задна На земја бапна. Кога се сопна Пушти звук стамен. Летна ко топка Ко в бунар камен. Кога си стана Немаше рана. Па пак си падна За нов звук гладна. Нашата панда Тропа ко канта. Кога е сита Си држи ритам. Кога станува Сè се бранува. Додека паѓа Татнеж се раѓа!
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: