од Владимир Лукаш
Една сè уште неоткриена болва, со години едно куче си колва. Како не ја откриле, кај била до сега, некој ќе ја видеше, кај ли ќе бега? Си живее таа на неоткриен пес, понекогаш весел, понекогаш в бес; си живее и си има убава вила, со фонтани и лустери од свила, со џуџиња и бебиња-аеродроми со ниви полни неплачлив кромид, со сите неоткриени елементи, со чаеви од камилици и менти. Си живее таа во свет без грешка, дур неоткриениот пес си се чешка.
Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.