од Румена Бужаровска
На дното на водната пространа шир морската ѕвезда си немала мир. „Што ѕвезда ќе бев, со живот на дно? На врвот да бидам, тоа ми е сон!“ Па си зацртала таа конечна цел: ќе стане самостоен селфи модел. Селфи со кафе, селфи со чанти: се сликала таа во две варијанти. И добила следачи: орда планктон! Толку се ситни – а тежат цел тон. Трепкала бавно, виела краци, прчела усни демек некој ќе баци. Но поминал над неа гладниот кит, Ги голтнал следачите само за миг! Па останала ѕвездата со чантата в рака: без рајата планктон, кој ќе ја сака?
Илустрација: Јана Јакимовска
Од книгата „Што виде бубамарата?“ во издание на Чудна шума.
Од истите авторки: