Жонглерина

од Владимир Лукаш

Фоката Жонглерина
е бледа ко крпа,
оти од височина
нејзе ѝ прпа.
Кога гледа летливи птици
и мајмуни што јадат пици
на гранките високо,
ѝ трепери левото око,
пераите ѝ танцуваат полка
и в градите чувствува болка.
„И пливањето е летање, нели?“
– жабецот принц ѝ вели.
„И длабочината е височина, така,
а ти си пливаш без мака!“
– ѝ рече и в поточе нурна,
оти лете е жешко ко во фурна.


Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.


Напишете коментар