
Марио Шаревски – Македонец CC BY-SA 4.0
Каде се наоѓа: во југоисточниот дел на Македонија, на тромеѓето меѓу Македонија, Грција и Бугарија, во близина на градот Струмица.
Позначајни врвови: во Македонија највисок врв е Тумба (1.881 м).
Позначајни водопади: Смоларски Водопад и Колешински Водопад (споменици на природата), Габровски Водопади.
Извори: минералните извори во селото Банско и познатите Мокрински Извори.
Други споменици на природата: Моноспитовско Блато, парк на природата „Чам Чифлик“.
Прочитајте повеќе за Беласица.