од Ванчо Полазаревски
Мачки близначки решиле да плетат џемпери за квачки шалчиња за страчки и капчиња за бездомни мачки. Имале макари и од волница конци полни плакари. Во своето мало сопче го смотаа првото клопче. А, клопче како клопче, за мачките е - топче. И мачките плетачки станаа мачки по цел ден грабачки, тркачки, восхитувачки, умилкувачки, играчки... (без плачки.)
Илустрација: Наташа Костовска