од Владимир Мартиновски
Во саваната лавот пуштил силен глас И за роденден си побарал контрабас. Слонот брзо турнал џиновско дрво Носорогот издлабил две дупки прво. Потем мајмунот нашол и четири струни А басот хиени го украсиле и со круни. Почнал лавот да учи музички скали Наредени како птици на високи грани. Ама на шепите му се правеле рани И лавот се распрашал на сите страни Како на контрабас да свири без да го болат Шепите пред кои сите животни се молат. Некој на лавот му дал совет да пушти канџи Па место да свири по цел ден крка манџи.
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: