од Владимир Мартиновски
Близу до старите трски Лебед леб јадеше в зори Па нешто му се стори (Ко некој да оди на прсти). Виде стар дедо вреден Од трски нешто маткаше (Па сите заедно ги фаќаше) И засвири милно ко ветер. Дај дедо и јас да пробам! – (Тогаш лебедот бел рече) Со глас кој воздухот го сече – Една душа сакам да ја стоплам! Едно срце сакам да го смекнам! Со лебедица пред олтар да клекнам!
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: