од Владимир Мартиновски
Се пее со скокање Над сините бранови. Се свири со тропање На конги и садови. До неа си се броди Со мрморење тајни Во најдлабоки води До коралите крајни. Со пливање се пее. Кога срце ти грее. Се пее со смеење До морето бдеење. Во неа нема гадост. Таа е чиста радост!
Илустрација: Зоран Кардула
Песна од книгата „Хор во задниот двор“, во издание на „Чудна шума“
Од истиот автор: