од Владимир Лукаш
Какарумба и Тутумунда, боси се нашле в тундра. Какарумба носел бунда сина, Тутумунда – шал од глина. Какарумба изградил вила, Тутумунда му ја зел на сила. Какарумба се тресе од студ, Тутумунда гали лебед в скут. Какарумба се стори глечер, Тутумунда мек леб си пече. Какарумба се стопи, в река се сли, Тутумунда си намачка мед од оси.
Од книгата „Пу за Мите, пу за сите“ во издание на Чудна шума.