од Александра Симова
Се нашла во чинија Една мала крофна. Полна со мармалад Ја гризнаа и офна. Полека, чекајте Замоли со страв. Да уживам малку Во шеќерот во прав. Тој мириса слатко И цимет ко да имам... Дали сум со ванила? Или каранфилче во зима? Но, гладното дете Не знае за милости! Ја лапна крофната И си излижа прсти.
Илустрации: Ирина Атанаскова – Ина
Од сликовницата „Слаткозборки“, во издание на Чудна шума