од Александра Симова
Никако да сфатам Дебела сум, или слаба? Огледалово ме лаже? Диоптер ли да барам? Од страна може сум шланк Но однапред не сум вита, Исправена сум згодна, Но свиткана – ко пита! Да не имам многу печиво? Да не ми ставиле квасец?! Мислев сум десерт убав, Но всушност сум прасец. Се мислеше така таа На вечерната светлинка А баба грабна тегла мед Ја лапна збунетата палачинка.
Илустрации: Ирина Атанаскова – Ина
Од сликовницата „Слаткозборки“, во издание на Чудна шума