од Александра Симова
Морам на диета, Ова веќе не оди вака! На што личам олкава? Зар некој ќе ме сака? Прв кат црн Од темно чоколадо Втор кат шарен Како вистинско торнадо. Трет кат жолт Од ванила и жолчки И четврти кат имам Со банани како очи. Помеѓу имам и филови Затоа сум дебела јас Од ореви, афион и џемови Плус чоколадо горе - шплас. Не жали се, убавице Рече кујнскиот нож Дојди ваму кај мене Да се стопиш како на дожд. Ја подели парче по парче За големи и за мали Со бакнеж во секое залче Тортата сите ги гали.
Илустрации: Ирина Атанаскова – Ина
Од сликовницата „Слаткозборки“, во издание на Чудна шума