од Ванчо Полазаревски
Тој би сакал Сѐ да знае Зошто вака Кој од кај е Каде има Така и така Кога e ова Токму вака Како тука Што така Таму чука Знаење збира Од сите страни Го чува и она Од лани Не во фиока Нит во подрум Туку во својот ум Сака да знае Тортите какви се Во Данска Каде е најслатката Лимонада ланска Каква е во Париз Вревата Како расте Во Индија тревата Главен кој е во Шведска Сето тоа собира Љубопитна глава детска Знае Јоцо зошто Денот е ден А ноќта ноќ Знае знаењето Е сила и моќ.
Илустрација: Наташа Костовска
Од истиот автор: