од Ана Голејшка Џикова
Во шумата чудна со весели бои еден мал локал гордо си стои на него пишува „Шумско диско“ дозволена е забава музика и пискот Диџејот Вервер музика си рока, а зајакот Белчо на панк рок си скока Диско-топка светка кума Лиса бара песна волчици во фустани со кореографија лесна ежиња на шанк полнат мали чашки шотови со сок од дренки за женки и за машки подиумот полн со животинки од музика се тресе нема кој не стапна во „Шумско диско“ а да не е весел. Од утро до мрак таму музика ечи им е гајле за вируси забава не се лечи!
Илустрација: Катерина Николовска
Од истата авторка: