од Калиа Димитрова

Вчера сонив страшен сон везден мора да се седи в дом. Од прозорец гледам дрвја што цутат ако тргнам надвор, по дома ми се лутат. Пишувам кај другарките, дали се пред зграда ми велат смеат само до ограда. Пиштев, вриштев, се лутев, плачев да си најдам занимација постојано се мачев. Два-три дена ми поминаа така од кревет да станам ми беше мака. Собата ми стана задушлива и тесна, на целиот свет му бев бесна! Конечно се разбудив од страшниот сон со радост, енергија и планови еден тон. По пижами и папучи истрчав во двор, колку е убаво да се биде надвор!