од Николина Андова Шопова
Се сретнале еднаш под ова небо сино најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино! – Колку си мал! Џино на Џуџо му рекол. – И ти не си поарен! веднаш Џуџо го пресекол. – Ајде да се мериме си рекоа тогаш сложно џин да е помал од џуџе дали е тоа можно? Зедоа еден метар купија и голема вага леле, бројките збрлавеа верувајте, не е лага! И така до ден-денес расправа за нив се води поголемо џуџе кој е помал џин дал’ ќе се роди?
илустрација: Наталиа Лукомска